X
 04.04.2022 Живот

Чипсот може да има различен вкус поради недостигот на сончогледово масло

Вкусот на вашиот омилен чипс можеби наскоро ќе се смени бидејќи некои произведувачи на грицки ги менуваат рецептите поради недостиг на сончогледово масло за јадење.

Најголемата компанија за производство на масло за јадење во Обединетото Кралство, „Едибл оилс“, изјавила дека има резерви на масло за уште неколку недели. Околу 80 отсто од маслото за јадење што се користи во светот се увезува од Украина и Русија. Компанијата „Едибл оилс“ очекува да се бори со недостигот на масло 12-18 месеци поради војната во Украина.

Поради тоа, произведувачите на чипсови и други грицки мора да ги менуваат рецептите и да го заменуваат сончогледовото масло со рафинирани масло од семе од репка.


Фото: Pixabay

Од Агенцијата за стандарди во исхраната предупредиле дека некои произведувачи веќе го замениле сончогледовото масло со алтернативата, но не ја смениле етикетата.

Од агенцијата додале дека ризиците за здравјето на луѓето поради замената се мали и алергиите на масло од семе од репка се ретки.

Извор: Sky news
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот