X
 24.06.2022 Живот

Дали знаете зошто пакетчето чипс е полно со „воздух“?

Колку пати сте доживеале разочарување кога сте отвориле пакетче чипс и сте виделе колку чипс има внатре. Половина од пакетчињата се полни со „воздух“ или гас – азот.

Има многу пакувања што доведуваат до заблуда и често може да биде тешко за клиентите да ја одредат точната големина.

Она што многумина од нас мислат дека е воздух во пакетчето, тоа всушност е азот. Азотот е инертен гас и се користи за време на процесот на пакување за да се отстрани „воздухот“, особено кислородот. Кислородот би предизвикал чипсот да застари, а маслото да се расипе.

Кислородот е многу реактивен, што значи дека сака да се комбинира со други молекули и тоа резултира со расипување на храната или губење на свежината. Користењето на азот за исфрлање на кислородот во пакетчињата со чипс го продолжува рокот на траење и го одржува квалитетот на храната.

Овој процес е познат како „slack fill“, што дури се смета дека прави чипсот да има подобар вкус. Исто така, се верува дека гасот им дава на чипсите заштитна перница. Бидејќи чипсите треба да поминат долг пат од создавањето до потрошувачите, производителите на чипс намерно го надувуваат пакувањето со азотен гас за да го заштитат од оштетување за време на транспортот.

Извор: Klix.ba
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот