X
 06.05.2020 Здравје

Ковид-19: Оздравени 44 пациенти, 13 нови случаи

Вкупно 44 оздравени пациенти од Ковид-19 регистрирал денеска Институтот за јавно здравје, соопшти Министерството за здравство. По градови: Скопје -5, Куманово -12, Прилеп -9, Велес -12, по двајца во Битола и Неготино и по еден во Кавадарци и во Крушево. Во изминатите 24 часа направени се 292 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи, и тоа во: Куманово -1, Прилеп -3, Тетово -3, Велес -5 и Битола -1.

Во ГОБ „8 Септември“ починал пациент од Прилеп на возраст од 55 години, хоспитализиран на 22 април, кој 13 дена бил приклучен на респираторна машина. Во болницата во Битола починал пациент хоспитализиран на 4 мај како сомнителен на Ковид-19, чиј брис земен посмртно покажал присуство на вирусот.

Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.539 – 1.057 оздравени пациенти, 88 починати, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 394.

- Скопје - 515
- Куманово - 402
- Дебар - 51
- Штип - 34
- Прилеп - 162
- Тетово - 93
- Струга - 67
- Велес - 86
- Битола - 20
- Охрид - 15
- Кавадарци - 5
- Гостивар - 17
- Гевгелија - 4
- Струмица - 2
- Крива Паланка - 5
- Радовиш - 4
- Крушево - 3
- Кочани - 31
- Пробиштип - 2
- Кичево - 2
- Неготино - 9 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
- Демир Хисар - 1
- Македонски Брод - 2
- Пехчево - 2
- Делчево - 1
- Валандово - 1
- Виница - 2
- Кратово - 1

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје