X
 05.12.2023 Живот

МОН набави ИТ-опрема за безбеден пристап до дигитални образовни ресурси за 40 основни училишта

Четириесет основни училишта во државата добиваат современа опрема за безжичен и безбеден пристап до дигитални образовни ресурси. Опремата е набавена преку проектот на Министерството за образование и наука за унапредување на основното образование кој е финансиран со средства од Светската банка.

Во училиштата се поставуваат безжични пристапни точки преку кои ќе се овозможи интернет-пристап во сите училници, кабинети, канцеларии, спортски сали и придружни објекти, а паралелно се поставуваат и заштитни уреди огнен ѕид (firewall), кои гарантираат безбеден пристап, со тоа што тие се приклучени на централен систем за управување во МОН кој го контролира пристапот до содржините на интернет, оневозможувајќи отворање на веб-страници што на глобално ниво се означени како страници со несоодветна содржина.
Активноста е дел од заложбите за забрзување на процесот на дигитализација на образованието, како глобален тренд кој овозможува бројни придобивки за граѓаните, ја подигнува флексибилноста на воспитно-образовниот систем и најважно, ги заштитува учениците од влијанието на несоодветни содржини.

Во текот на оваа календарска година, за повеќе училишта МОН набави и нови персонални и преносни компјутери, смарт-табли, 3Д-скенери, печатачи, проектори, системи за складирање и управување со податоци и слично. Дополнително, беа набавени нови наставни и нагледни средства за кабинетите по предметите од групата на општествени науки како историја и географија, а се обезбедија и целосно нови кабинети по природни науки во сите основни училишта, со што наставата значително се модернизира, пишува во соопштението на МОН.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот