X
 14.04.2020 Здравје

Коронавирус: За едно деноноќие оздравени 42 лица, а регистрирани 54 нови случаи

Во изминатите 24 часа се потврдени 54 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје - 13, Куманово - 25, Штип - 1, Прилеп - 10, Тетово - 1, Велес - 2, Гостивар -1, Кичево -1, информираат од Министерството за здравство.

Министерството соопшти дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти на возраст над 60 години, од кои двајца пациенти од Лабуништа, еден пациент од Прилеп и еден од Куманово. Во Болницата „8 Септември“ починаа 2 лица, пациент од Велес (67) и пациент од Куманово (59).

Со два негативни теста и во добра општа состојба од Инфективната клиника се испишани 10 оздравени пациенти, а регистрирани се и 32 оздравени пациенти (12 од Дебар и 20 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови.

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 908 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани во:
- Скопје – 329
- Куманово - 236
- Дебар – 49
- Штип - 28
- Прилеп –85
- Тетово – 38
- Струга – 43
- Велес – 34
- Битола –9
- Охрид –4
- Кавадарци - 3
- Гостивар –9
- Гевгелија – 4
- Струмица – 2
- Крива Паланка-3
- Радовиш - 4
- Крушево – 3
- Кочани – 22
- Пробиштип – 2
- Кичево - 1

Во изминатото деноноќие направени се 710 теста. Досега во земјава се направени вкупно 9.262 тестирања за Ковид-19.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје