X
 04.07.2021 Живот

ЕУ планира да го забрани одгледувањето домашни животни во кафези до 2027

Европската Унија планира да го забрани одгледувањето домашни животи во кафез. Одлуката била донесена откако петиција за забранување на кафезите за домашни животни собра над милион потписи.

Европската Комисија претставила планови за предлог на закон со кој постепено ќе се исфрли употребата на кафези за домашни животни, како зајаци, млади кокошки, патки и гуски, пренесува Си-ен-ен.

Се очекува овие промени да бидат предложени до 2023, а истите да бидат и воведени најдоцна до 2027.


Фото: Pixabay

Одгледувањето домашни животни во фабрики е најголемата причина за сурово однесување со животните, а ставањето на крај на користењето на кафези е голем чекор кон ставањето крај на ваквиот начин на одгледување домашни животни, изјавила Олга Кику, директорка на организација за сочувство во одгледувањето на домашни животни во ЕУ.

Од белгиската група „Јурогруп фор енималс“ изјавиле дека промените ќе се однесуваат над 300 милиони домашни животни на континентот.

Извор: CNN
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот