X
 04.08.2019 Живот

Најстрмниот мост за автомобили во светот

Ешима Охаши е мост во Јапонија што е доволно висок и бродовите без никаков проблем поминуваат под него.

На прв поглед, Ешима Охаши повеќе личи како да припаѓа во луна парк. Но, станува збор за мост висок 44 метри и 1,7 километри долг, што ги поврзува градовите Макуе и Сакаиминато и истовремено овозможува непречено функционирање на патниот сообраќај и сообраќајот на бродовите.

Мостот е изграден помеѓу 1997 и 2004 година и станува збор за најголемиот мост со цврста рамка во Јапонија и третиот најголем мост во светот. Неговата висина е идеална за бродовите.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот