X
 04.08.2022 Наука

Листа на овошја и зеленчуци со најмногу пестициди

Не е новост дека овошјето и зеленчукот што ги јадеме се третирани со пестициди, но доколку се прашувате кои производи имаат најмногу пестициди, еве го одговорот.

Организацијата „Инвајрнментал воркинг груп“ секоја година објавува листа од производите со најмногу и најмалку пестициди според податоци од американското Министерство за земјоделство и Управата за храна и лекови.

Од организацијата откриваат дека над 90 отсто од јагодите, јаболките, црешите, спанаќот, нектарините и грозјето имало два или повеќе видови пестициди во анализата направена оваа година. Еве кои производи имаат најмногу и најмалку пестициди во САД годинава.


Фото: Pixabay

Производи со најмногу пестициди

1. Јагоди
2. Спанаќ
3. Кељ
4. Нектарини
5. Јаболки
6. Грозје
7. Пиперки
8. Цреши
9. Праски
10. Круши
11. Целер
12. Домати

Производи со најмалку пестициди

1. Авокадо
2. Слатка пченка
3. Ананас
4. Лук
5. Папаја
6. Грашок
7. Аспарагус
8. Диња
9. Киви
10. Зелка
11. Печурки
12. Манго
13. Лубеница
14. Сладок компир

Извор: Green
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука