X
 04.08.2024 Живот

Како да го ублажите чешањето по убод од комарец: оваа намирница ќе ви помогне

Каснувањето од комарци во текот на летните ноќи е честа појава, а поради чешањето што го предизвикуваат, за многумина е ноќна мора. Сепак, едноставен трик споделен на „Инстаграм“ би можел да го реши овој проблем.

- Дали знаете дека можете да користите кора од банана за да го ублажите чешањето по каснување од комарец? - гласи видеото од виралниот трик.

Видеото покажува како кората од банана се трие на каснатото место. Се објаснува дека поради природните масла кои се наоѓаат во кората на бананата, чешањето постепено исчезнува.

Истражувањето објавено во „Фронтиерс“ во 2022 година открило зошто каснувањето од комарец предизвикува чешање.

 
- За време на убодот, нашиот имунолошки систем ослободува соединенија познати како хистамини кои предизвикуваат чешање и оток - се вели во видеото.

За среќа, освен разни спрејови и кремови за ублажување на симптомите од каснување од комарец, можете да користите и нешто што веќе го имате дома.

Извор: klix.ba

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот