Дали сте забележале дека секогаш е полесно да му дадете вистински совет на некој друг отколку сами на себе?
- Ако имам еден час за да го решам проблемот, 55 минути ќе потрошам размислувајќи за проблемот, а пет како да го решам - еднаш рекол Алберт Ајнштајн.
И бил во право. Наместо удирање со главата в ѕид и обидување да го решите проблемот, подобро е длабоко да вдишете и добро да ги согледате работите. Имено, ако го разберете проблемот, тогаш полесно ќе го решите.
Замислете проблемот да не е ваш, туку на некој друг. Што би го советувале? Исто така, ако е можно, обидете се проблемот да го разделите на помали целини и добро да размислите за секоја - на пример, како би можела ситуацијата да се развие ако направам вака или онака. Обидете се да размислите за последиците на секој чекор што се обидувате да го преземете за да видите дали е добра одлуката.
Фото: Dreamstime
Важно е и како го претставувате проблемот, односно кои зборови ги употребувате. Да кажеме, сакате да престанете да пушите, па тоа за вас претставува проблем. Наместо да повторувате: „Ќе престанам да пушам“, повторувајте си: „Ќе си го продолжам животот, ќе бидам поздрав, ќе имам повеќе енергија“. Таквиот начин на размислување побрзо ќе ве доведе до целта.
Уште еден
трик е и формулирањето на проблемот како прашање бидејќи човечкиот мозок едноставно обожава загатки и автоматски бара одговор, па дури и кога не сме свесни за тоа. Исто така, добра мотивација е и наградувањето.
На пример, проблем ви се неколкуте килограми вишок и сакате да ослабите. Размислувајте вака - цела недела ќе внимавам на калориите, но во недела ќе се почестам со нешто вкусно. Така ќе бидете мотивирани.