X
 04.09.2023 Образование

Меѓународна научна конференција „Времени безбедносни бранувања или нова светска архитектура на безбедноста“ во организација на Филозофскиот факултет

Денеска во Дојран ќе почне четиридневна Меѓународна научна конференција „Времени безбедносни бранувања или нова светска архитектура на безбедноста“ во организација на Институтот за безбедност, одбрана и мир, Филозофски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, која ќе се одржува до 7 септември 2023 година.

Овој пат годишната конференција е посветена на промислување на механизмите за безбедност, мир и развој кои се поврзани со севкупните промени, вклучително и политички, воени, геополитички, економски, општествени и еколошки прашања низ фокусот на времените безбедносни бранувања или новата светска архитектура на безбедноста.

Меѓународната научна конференција ќе ја отворат министерката за одбрана Славјанка Петровска, деканот на Филозофски факултет, проф. д-р Ратко Дуев, претседателката на Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување, м-р Верица
Милеска Стефановска, градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов и раководителката на Институтот за безбедност, одбрана и мир, проф. д-р Тања Милошевска.

На конференцијата ќе дискутираат над 80 учесници од Македонија, регионот и светот.

Конференцијата има цел да обезбеди форум за размена на академски знаења и емпириски сознанија за новите механизми и предизвици за безбедност (индивидуални, општествени, регионални, меѓународни и глобални), стекнување нови знаења за нивната природа, редефинирање на концептите и системите за безбедност и интензивирање на активностите на сите нивоа со цел подобрување на безбедноста и мирот.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование