X
 04.10.2018 Култура

Ајнштајн: „Библијата е збирка на примитивни легенди“

Рачно напишаното писмо од Алберт Ајнштајн за неговото сфаќање на Бога, религијата и смислата за животот ќе биде продадено во декември на аукција во Њујорк.

Најголемиот физичар на 20 век, со еврејско потекло, ги опишува своите верски убедувања.

- Зборот Бог за мене не е ништо друго освен термин и производ за човечката слабост. Библијата е збирка на почитувани, но сепак примитивни легенди - напишал физичарот додека бил на Универзитетот „Принстон“ во Њу Џерси, една година пред да умре, во април 1955 година.

ајнштајн
Фото: AFP


- Ниту една интерпретација, без разлика на тоа колку е суптилна, не може да ми го промени мислењето во врска со ова - пишува тој.

Писмото долго една и пол страница ќе биде ставено на продажба на 4 декември, а неговата вредност се проценува на 1 до 1,5 милион долари.

- Ова е една од дефинитивните изјави во дебатата религија наспроти наука - вели Питер Кларкнет, специјалист по книги и ракописи од аукциската куќа каде што ќе се продава писмото.

- За мене, еврејска религија е како и сите други религии, инкарнација на примитивното однесување. Евреите на кои јас гордо им припаѓам не поседуваат различно достоинство во однос на другите народи - пишува Ајнштајн.
Подготвил: Тамара Гроздановски
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура