X
 29.07.2016 Култура

Што работеле американските тинејџери пред 100 години?

Позади овие вредни фотографии, стари еден век се крие една доста тажна приказна. Имено, во првите три децении на 20-от век во Америка голем дел од малолетниците биле експлоатирани од страна на работодавците.

 

деца


Во тоа време, не било воопшто контроверзно малолетниците да работат привремена работа, такашто американските работодавци тоа го злоупотребувале. Тинејџерите работеле во рудници, фабрики, на полиња, и продавале и доставувале весници и други производи. Но, условите за работа често биле неприфатливи и за полнолетните искусни работници.

За да се спротистави на ваквиот третман, организацијата „National Child Labor Committe“ која стана најважниот глас за заштита на правата на децата на работа, правата на образованието како и реформи на трудот, го ангажирала социологот и фотограф Луис Хајн за да го документира експлоататорското однесување на работодавците ширум Америка.

Целта на организацијата била овие документи и информации да им ги прикажи на државните институции како аргумент за да се одбранат правата на овие деца и млади луѓе.

Хајн ја прошетал цела земја и ги прашувал малолетниците за саатницата, распоредот, паричниот надомест, како и општиот третман од нивните работодавци. Меѓу многуте работни места кои ги извршувале малолетниците, тој забележал дека голем дел се гласници и курири на велосипеди што во тоа време биле популарни професии.

Повеќето млади курири на велосипеди работеле за телеграфски компании и поминувале долги и исцрпувачки денови на своето работно место. Во своите белешки Хајн особено ја изразил загриженоста поради високата изложеност на овие млади луѓе на опасности и пороци. Голем дел од задачите кои требало да ги исполнат децата биле во соседства во кои преовладувала проституција и дрога.

Фотографиите кои ги направил биле искористени за целите на реформите на условите за работа и правата на децата. И навистина имале голема улога во текот на 1916 година кога бил изгласан Китингс-Овеновиот акт, кој вовел низа ограничувања за работодавците. Меѓу нив строго бил пропишан односот за годините на работниците и должината на работната смена. Сепак, Актот бил поништен од Врховниот суд. Сепак, тој подоцна го отворил патот на реформите кои биле формирани и усвоени во 1930-тите.

 

Линк до галеријата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура