X
 04.11.2018 Живот

Во САД се разгледува можноста за легализација на екстазите за медицински цели

Американска непрофитна организација која се залага за легализација на психоделични супстанци, успеа по 32 години да ја приближи дрогата МДМА, позната како екстази, до легализација за медицински цели.

Агенцијата за храна и лекови ја означи дрогата како потенцијално откритие во лечењето на посттравматските стресни нарушувања (ПТСД) и одобри истражување на најмногу 300 пациенти.

Ако се покаже како успешна, МДМА ќе стане првата илегална психоделична супстанца (моментално во иста рестриктивна категорија како хероин и кокаин), која би била одобрена како лек кој би се издавал на рецепт.

Фото: Wikipedia

Оспитувањето ќе го врши Мултидисциплинарната асоцијација за психоделични истражувања - група основана од страна на Рик Доблин. Тој вели дека уште како тинејџер се убедил дека психоделичните дроги можат да бидат противотров за деструктивните тежнеења на човештвото. Неговата цел е легализација на сите психоделични супстанци за рекреативна употреба.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот