X
 04.11.2020 Живот

Еве како функционира „Копнехил“ - скијачкиот рид без снег што се наоѓа над електрана во Копенхаген

Скијачкиот рид и забавен центар без снег што се наоѓа над електрана што гори отпад за да создаде топлина и електрична енергија сега е целосно отворен.

Минатата година беше делумно отворен, меѓутоа, љубителите на отворено сега можат да уживаат во активностите што ги нуди.

1

Новите фотографии направени од воздух од „Хафтон+Kроу“ совршено го прикажуваат комплексот „Копнехил“, откривајќи го уредувањето. „Копенхил“, кој нуди повеќе активности, го има и највисокиот ѕид за искачување во светот, карпеста конструкција висока 80 метри.

„Копенхил“ е проект на данската архитектонска фирма БИГ. Новиот комплекс може да се пофали и со повторна употреба на енергијата, така што електраната го претвора отпадот во топлина за домовите на жителите, додека ридот полн со биодиверзитет ја апсорбира топлината, го филтрира воздухот и го минимизира истекувањето на водата.

2

3

5

6

6

Извор: Thisiscolossal.com
Фото: Hufton + Crow
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот