Групните разговори на „Вацап“ може да се најдат и на пребарувачите, што може да биде проблем оти корисниците обично и не знаат дека преписката е јавно достапна.
Штом некој ќе влезе во разговорот, особено ако дошол до линкот преку пребарувач, а не е „поканет“, може да ги види сите пораки во групата и сите броеви што учествуваат во неа.
И ако некој во вацап-групата сака да додаде некого, само треба да му го испрати линкот од групата. Тој линк може да се објави на која било јавна интернет-страница. Во тој случај „Гугл“ го додава во својот индекс на пребарување. Така, секој ќе има пристап до тој групен разговор.
Од „Вацап“ велат дека оваа функција работи токму како што треба и оти не се работи за грешка. Ги советуваат корисниците да внимаваат каде ги споделуваат линковите кон групните разговори.
Извор: МИА