Постојано се бараат начини да се намали количеството на јаглерод диоксид во воздухот. Една идеја е да се претвори овој гас во друг материјал кој би можел да се користи за други цели.
Истражувачи од Технолошкиот институт во Масачусетс и Универзитетот „Харвард“ создадоа ефективен процес кој го претвора јаглеродниот диоксид во течен или цврст материјал кој може да се користи како водород или метанол за напојување горивни ќелии и производство на електрична енергија.
Процесот вклучува собирање и електрохемиска конверзија на гасот во цврста форма, кој потоа се користи во горивни ќелии за производство на електрична енергија. Процесот бил демонстриран на мало ниво во лабораторија, но истражувачите сметаат дека тој може да се создаде и на големо ниво и да обезбедува топлина и електрична енергија за цели домови.
Други слични процеси се малку ефикасни и овозможуваат конверзија на само околу 20 отсто од гасот, но новиот процес постигнува конверзија од над 90 отсто од гасот. Ова е постигнато со помош на повеќе чекори за оптимизација, како внимателен дизајн на материјалите за да се постигне pH-баланс и да се овозможи стабилна конверзија.
Извор:
Science daily
Насловна фотографија: Pixabay