X
 04.07.2017 Наука

„Троловите“ често се и психопати и садисти, покажува ново истражување

Луѓето се обидуваат најдобро што можат да ги избегнуваат „троловите“ - луѓе што постојано користат навреди и се исмејуваат на интернет. Можете да ги блокирате и да ги пријавите нивните навредливи коментари, но нивната упорност е немилосрдна.

Нова студија покажува дека причината за нивното „тролање“ е всушност од психолошка природа. Во истражувањето биле анализирани нивното однесување и личните одлики, а било испитувано и нивото на психопатија, садизам и емпатија.

415 луѓе (36% мажи, 63% жени и 1% друго), со просечна возраст од околу 23 години, учествувале во истражувањето. Резултатите покажале дека мажите почесто ги „тролаат“ жените и почесто поседуваат високи нивоа на психопатија и садизам. „Троловите“ имаат ниско ниво на емпатија и сочувство.

Студијата, исто така, открива дека „троловите“ можат стратешки да го предвидат емоционалното страдање на своите жртви. Тоа значи дека лесно можат да манипулираат со туѓите емоции. 
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука