Американската армија склучи договор вреден 39 милиони долари за набавка на мали извиднички дронови - толку мали што би ги собрало во џебовите или дланките на војниците.
Идејата е војниците да можат да ги испраќаат дроновите во небото над боиштата за да добијат предност во борбите.
Според соопштение за медиуми од „ФЛИР системс“, компанијата што ги прави дроновите, американската армија почнува со почетна интеграција на
дроновите.
- Договорот претставува значителна пресвртница во оперативното опсежно распоредување на нанобеспилотни летала во најмоќната армија во светот - истакна Џим Канон, извршен директор на „ФЛИР системс“.
Дроновите се долги 16,8 сантиметри и тежат само 33 грама. Речиси безгласните системи можат да обезбедат константен таен пренос од боиштето во рок од речиси половина час, пренесувајќи и видео во живо и фотографии до операторот.
Според ФЛИР, способноста на дроновите тајно да детектираат и
идентификуваат закани ќе спаси животи на трупи во бој.