X
 05.02.2020 Култура

Ване Костуранов - уметнички директор на фестивалот „Литера 2020“

Сликарот и илустратор Ване Костуранов ќе биде уметнички директор на годинашното, второ издание на Mеѓународниот фестивал за литература за деца и илустрација „Литера 2020“, кој од 10 до 12 април ќе се одржи во Младинскиот културен центар во Скопје.
Костуранов, како што соопшти организаторот, со своето искуство и знаење ќе придонесе за збогатување на визуелниот и содржинскиот сегмент на фестивалот.


Костуранов на минатогодишното издание на „Литера“

По премиерното издание минатата година, организаторите најавуваат дека „Литера 2020“ ќе биде уште повозбудливо доживување за најмладите, родителите и професионалците. Целта е на интересен и креативен начин да се поттикнат читателските навики, да се создадат високи естетски вредности кај децата и да се подигне свеста за важноста на емоционалната интелигенција кај децата. Професионалците ќе имаат можност да присуствуваат на мастер-класови на светски имиња во полето на илустрацијата.

Софија Семенпеева, извршен директор на фестивалот, изјави дека Костуранов е голем пријател на „Литера“. Тој беше еден од учесниците на првото издание во 2019 година и несебично го поддржува развојот на фестивалот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура