Секој знае дека реалноста е субјективна. Нашата перцепција може да се промени во еден момент, во зависност од тоа колку и што точно знаеме. Но, двајца дански фотографи ја однесоа оваа идеја на едно сосема ново ниво.
Во време на тековната криза клучно е практикувањето на социјалното дистанцирање. Дури и ако земјите почнуваат да ги олеснуваат ограничувањата, тоа не значи дека е готово. Но, како да знаеме, само од слики, дека луѓето го прават она што е правилно? Испадне дека не можеме.
Фотографите Олафур Стеинар Гестсон и Филип Давали спровеле експеримент за фотографската агенција „Рицау Сканпикс“. Тие ги фотографирале истите луѓе во ист ден. Единствената разлика била тоа што користеле две различни перспективи - перспектива од широк агол и телефото-леќа.
Фотографиите покажуваат неверојатна разлика во растојанието помеѓу овие луѓе.
Фотографија направена со телефото-леќа
Фотографија направена од широк агол
- Близината меѓу луѓето е честа тема во Данска во изминативе неколку недели. Данските политичари и власти честопати се повикуваат на фотографии за кои веруваат дека им ја доловуваат вистинската слика за тоа што се случува во јавноста, како и дека овие луѓе не ги почитуваат правилата. Како национална новинска агенција за фотографии, која обезбедува визуелно покривање на пандемијата, сфативме дека нашиот придонес може да биде погрешно
протолкуван - вели Кристијан.
- Оваа уникатна и критична ситуација им додели ново значење на основните технички факти, како изборот на агол и перспектива. Техничкиот избор на фотографирање никогаш не бил прашање на дискусија во историјата на фотографијата - вели Кристијан.
Фотографија направена со телефото-леќа
Фотографија направена од широк агол
- Како производители на фотографијата, одговорни сме да го насочиме вниманието на фактот дека сликите во некои случаи не ја покажуваат близината на предметите, како што се чини дека луѓето веруваат - додава Кристијан.
Широкиот агол е сличен на начинот на кој гледаат нашите очи.
Фотографија направена со телефото-леќа
Фотографија направена од широк агол
- Широкиот агол прави пошироки слики, а како фотограф го користите кога сте блиску до нешто што го фотографирате - објаснува Олафур.
За разлика од широкиот агол, телефото-леќата се користи за фотографирање прес-состаноци, фудбалски натпревари и која било ситуација во која предметот е оддалечен.