X
 09.01.2020 Живот

Наместо букет од цвеќиња, овој фотограф ѝ подарил на сопругата нешто неверојатно

Наместо да ѝ дава на сопругата цвеќе за нејзиниот роденден, како што правел години наназад, фотографот Абелардо Морел одлучил да избере нешто што ќе трае подолго. На пример, фотографија со цвеќиња.

Фотографот почнал со мешан букет. Фотографирал, потоа ги преуредувал цвеќињата и правел друга фотографија. Тоа го повторил 20 пати, а потоа ги составил сликите.

Мртвата природа е класичен предмет за фотографите. Но, Морел е добро познат по уште еден карактеристичен фотографски пристап: камера опскура, техника што доловува превртени погледи проектирани преку отвор на површина во затемнета просторија. Така, тој создал нов проект што го нарекол „Цвеќиња за Лиса“, кој истовремено му бил шанса да ја прошири својата креативност.

1

2

Исто така, Морел го сфатил проектот како начин да им оддаде почит на неговите омилени креативни уметници. Тој користел цвеќиња и ливчиња за да создаде надреални дизајни на луѓе и места и да го прослави делото на Клод Моне, Жорж Брак - па дури и филмовите на Алфред Хичкок.

3

4

Секоја слика инспирирала друга.

- Постојано размислував дека ако можам да го направам ова, можам да направам уште една - вели тој.

5

5

По четири години тој завршил со серијата, во 2017 година, од 76 фотографии.

Иако букетите одамна овенале, сликите живеат во „Цвеќе за Лиза“.

7

8
Фотографии: Abelardo Morell

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот