Кога австралискиот фотограф на пејзажи Крег Мекгован патувал во САД оваа есен, се надевал дека ќе ја посети Долината на смртта.
Но, бил обесхрабрен кога дознал дека националниот парк бил затворен за јавноста во август поради последиците од тропската бура Хилари, која ја поплави долината и предизвика големо уништување. Но, на изненадување на Мекгован, по само една недела од неговото патување паркот ги отвори вратите.
Ова му овозможи на Мекгован да ја посети Долината на смртта во Калифорнија и да ја фотографира во исклучително ретки услови, бидејќи ефектите од големите врнежи сѐ уште беа видливи.
Временските услови го изненадиле бидејќи претпоставувал дека ќе талка низ топол и сув пејзаж. Но, од искуство знаел дека никогаш не можете да бидете премногу сигурни што подготвува природата.
- Бев изненаден колку зелена вегетација имаше во Долината на смртта - вели тој.
Мекгован направи повеќе од илјада фотографии од живописниот пејзаж. Сликите ги прикажуваат уникатните услови, а истовремено се фокусираат на оддалечената природа на локацијата. Повеќе од милион луѓе го посетуваат паркот годишно.