X
 05.06.2023 Наука

Зошто Кинезите копаат дупка длабока 10.000 метри?

Кина тргна на патување во неистражените длабочини на нашата планета. Минатата недела таму почна дупчењето на тунел кој ќе оди 10 илјади метри под Земјината кора.

Дупката е лоцирана во пустината Такламакан во областа Синѓанг, а за проектот ќе биде користена опрема која тежи 2.000 метрички тони за да се пробијат 10 слоја од земјата. На крајот дупката ќе го помине системот на креда, слоевит дел што датира од пред 145 милиони години. За завршување на проектот се проценува дека ќе бидат потребни 457 дена.

- Дупчењето на оваа дупка длабока 10.000 метри е храбар обид за истражување на непознатите делови од Земјата и поместување на границите на човековото знаење - истакнаа експерти вклучени во проектот.

Моментално најдлабоката дупка ископана на планетата е во Русија и е длабока 12.262 метри.

Кина е гладна за природни ресурси, вклучително и минерали и нафта, кои ги има во изобилство на местото каде што е лоцирана дупката. Во јануари кинеските власти ја нагласија важноста на изнаоѓање извори за сирови материјали и енергија за да се намали зависноста од странските. Освен потенцијалот за откривање природни извори, копањето длабоко во Земјата може да ѝ донесе на Кина подобро разбирање на сеизмичките активности и ризиците од природни катастрофи.

Извор: Quartz
Фото: Twitter
Подготвил: Билјана Арсовска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука