Европската Унија планира да воведе нов меѓународен инструмент со кој би требало да го поттикне намалувањето испуштањето на штетни гасови во атмосферата. Станува збор за глоба која ЕУ ќе ја наплаќа на границите на сите кои внесуваат производи од странство во чие производство се испуштило премногу јаглерод диоксид, пренесува „Дојче Веле“.
Механизмот за обештетување за зголемени емисии на јаглерод диоксид, познат како ЦБАМ (CBAM - Carbon Border Adjustment Mechanism), треба да го спречи преместувањето на погоните кои произведуваат премногу јаглерод диоксид во странство.
Според Климатскиот протокол од Кјото, секоја земја добива одреден број сертификати кои ја овластуваат да испушта одредено количество јаглерод диоксид во атмосферата. Земјите кои го намалиле испуштањето може да ги продаваат овие сертификати на државите кои ја надминале негативната норма.
Во рамки на ЕУ, размената на сертификати не се одвива помеѓу државите, туку самите фирми. ЕУ со години им доделува бесплатни сертификати на одредени индустриски сектори на својата територија, кои им помагале на компаниите кои не можеле да ги покријат трошоците за сертификати и за воведување еколошка технологија.
Фото: Pixabay
Во моментов, околу 37 отсто од фирмите во ЕУ не плаќаат за вакви сертификати, а за да не ги надминат дозволените граници за испуштање јаглерод диоксид, тие морале да ги префрлаат погоните во странство. Затоа, многу вакви погони се граделе во земји во кои еколошката заштита е на ниско ниво.
Новиот инструмент е насочен кон овие фирми и предвидува воведување глоби на увезените производи при чие производство се испуштило премногу штетни гасови. Истовремено се работи и на постепено укинување на бесплатните сертификати, а целиот механизам би требало да започне да функционира во 2023 година.
За некои земји, преку инструментот ЕУ спроведува протекционизам и се обидува да го отежни пристапот на азиски производи на својот пазар. Самиот механизам се очекува да доведе до зголемување на трошоците во некои индустриски сектори, посебно за оние кои произведуваат и извозуваат цемент, челик и нафтени деривати, но и хемикалии, ѓубриво, алуминиум и хартија. ЕУ увезуве 700 милиони тони јаглерод диоксид годишно.
Извор:
DW