Европскиот парламент и Советот на ЕУ склучија договор поради кој камионите и тешките товарни возила ќе мора да ги намалат емисиите на јаглероден диоксид за 15 отсто до 2025 година и за 30 отсто до 2030 година.
Со воведување на првите емисиски норми на јаглероден диоксид за камиони и тешки товарни возила, на сите производители им се наметнува задолжителен минимален удел на возила со нулта и ниски емисии од 2 отсто до 2025 година, а целта е да се поттикнат производителите да вложуваат во нови алтернативни горива што не ја загадуваат околната како дизелот.
Тешките товарни возила се одговорни за околу една четвртина од емисијата на CO2 од сообраќајот во Европската Унија, а „зелените“ повикуваат на поголема активност.
Договорот сè уште треба официјално да биде
потврден од страна на членките на ЕУ и ЕП, иако тоа се смета за формалност.