X
 05.08.2022 Здравје

Хипохондриците живеат подолго, велат истражувачите

Хипохондрици се оние луѓе за кои често се зборува дека претеруваат во грижата за здравјето. Меѓутоа, едно истражување објавено во списанието „Сајколоџикал сајенс“ покажува дека хипохондриците живеат подолго од останатите.

Според новото истражување, луѓето кои своето здравје го оценуваат како полошо без физичка причина се подолговечни. Се чини дека овие луѓе водат поголема сметка за својата здравствена состојба и почесто бараат совети за здравјето.

- Нашето откритие е важно бидејќи покажува дека невротицизмот може да доведе до заштитни ефекти, можеби и поради тоа таквите луѓе се повнимателни кога станува збор за своето здравје - објаснила авторката на истражувањето, Кетрин Гејл.

Истражувачите од Универзитетот во Единбург истражиле податоци од над 500.000 луѓе на возраст од 37 до 73 години за да ја откријат врската помеѓу невротичното однесување и ризикот од смрт.

Податоците покажале дека лицата со невротично однесување имале помал ризик од смрт предизвикан од било која причина, вклучувајќи го и карциномот.

Извор: Geek
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје