X
 12.02.2016 Наука

Работи кои не сме ги знаеле од минатата година

Интересни и неочекувани факти од секојдневните вести. Кои работи досега не сме ги знаеле од минатата година?

 

1


1. Најлошото време за пиење кафе е помеѓу 08:00 - 09:00, 12:00 - 13:00 и 17:30 - 18:30. Најдоброто време за пиење кафе е еден час откако ќе се разбудите, без оглед на времето.

2. Барак Обама го нарекува Дејвид Камерон „bro“.

3. Јамајка, Колумбија и Света Луција се единствените земји во светот кадешто жените имаат поголема веројатност да бидат шефови од мажите.

4. Не мора да зборувате француски за да станете шампион во „Scrabble“ на француски јазик.

5. „Да ја претвориме нашата земја во земја на печурки со одгледување на печурки научно, интензивно и индустријализирано“ е официјалниот слоган на Северна Кореја.

6. Квентин Тарантино се`уште снима филмови од телевизија на VHS касети.

7. Свештениците се најзадоволни од сите работници во Велика Британија.

8. Мајкл Џексон неколку пати му се јавувал на Расел Кроу како дел од шега.

9. „Breaking bad“ е шоуто за кое луѓето најчесто лажат дека го имаат гледано.

10. Луѓето кои пцујат имаат поголем речник.

11. Постои мала меѓународна трговија со кромид - скоро 90% се консумираат во нивната земја на потекло.

12. Мали има две даночни стапки - 3% и 30% - и луѓето се прашувани кој данок сакаат да го платат.

13. Омилената боја на целиот свет е сина.

14. Том Круз ја советувал НАСА како да ја дизајнираат нивната веб страна.

15. Дилерите на дрога во Марсеј нудат картички за лојалност.

16. Традиционално, полициските коњи од „England's Thames Valley“ силите може да се наречат Один, Тор или Херкул, но не и Брајан.

17. Шансите за успешен грабеж на банка се повисоки во утринските часови, меѓутоа тоа би било и најмалку профитабилно злосторство.

18. Исланд ги има најсреќните геј мажи во светот.

 

2


19. „Reddit“ има детален водич со 9.000 зборови за тоа зошто треба/не треба да кажувате спојлери од „Game of thrones“.

20. Повеќето кенгури се левучари.

21. Британските власти дискутирале за тоа целото 5.5 милионско население на Хонг Конг да го премести во Северна Ирска во 1983 година.

22. Трикратниот светски шампион во Формула 1, Ники Лауда, ги заменил неговите трофеи за неограничени бесплатни перења на автомобилот.

23. Играње тетрис 12 минути на ден после трауматичен настан може да ги намали лошите спомени од минатото.

24. Мињоните се машки бидејќи нивниот творец сметал дека се премногу глупави за да бидат женски.

 

4


25. Бебето се раѓа во предвидениот датум само во 4% од времето.

26. Миграцијата на елените е еден од главните настани на телевизија кој се следи во живо во Норвешка.

27. Возможно е да имате оргазам во вашата лева нога.

28. Може да се направи свила од плунката на школките.

29. Горилата имаат индивидуални вкусови во музиката.

30. Колку песната е поедноставна и повеќе се повторува, толку поголеми шанси има да биде број еден на Билборд Хот 100 и да се искачи на табелата побрзо.

31. Шкотланѓаните имаат 421 збор за снег.

32. Лагите се поубедливи ако личноста што ги кажува мора да оди во вц.

33. Слоновите скоро никогаш не добиваат рак.

34. Танцувањето на песната „Gangnam Style“ може да се подигне прагот на болка кај луѓето.

35. Бременостите зачнати во декември имаат најголема шанса за успех.

 

5


36. Мажите со брада имаат поголема тенденција да имаат шовинистички ставови од нивните избричени колеги.

37. Фудбалерите имаат полоши заби од останатиот дел од популацијата.

38. Возможно е да халуцинирате на странски акцент.

39. Текст пораките кои завршуваат со точка се сметаат за помалку искрени отколку пораките кои не завршуваат со точка.

40. Вработените кои велат дека сакаат да ги следат правилата се оние кои имаат најголема веројатност да бидат отпуштени поради нивно прекршување.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука