На 30 јуни 1908 година се случи голема експлозија во близина на реката Поткамена Тунгуска во краснојарскиот крај, Русија. При експлозијата биле уништени околу 80 милиони дрвја на површина од 2.150 квадратни километри и, според извештаите, загинале најмалку три лица.
Што било причината за оваа експлозија? Експлозија во воздух на метеорит голем околу 50 метри, кој веројатно патувал со брзина од околу 27 километри во секунда.
Настанот наречен Тунгуска експлозија се смета за судир иако тој практично не се случил. Наместо тоа, научниците веруваат дека метеоритот се распарчил на височина од 5 до 10 километри.
Иако во праисторијата се случувале многу поголеми судири, овој настан е најголемиот на Земјата за кој има записи и се проценува дека би можел да уништи голема област на метропола ако се случел во погусто населена област.
Тоа нѐ носи до прашањето: Што ако Тунгуската експлозија се случи денес, кога градовите се многу понаселени? Еден јутјубер решил да се позанимава со ова прашање. Погледнете го неговото видео.
Извор:
Interesting Engineering
Насловна фотографија: Wikipedia