27.09.2018
Живот
Русинките ќе се пензионираат на 60-годишна возраст
Руската Дума денеска едногласно го потврди предлогот на претседателот Владимир Путин да ја зголеми возраста на која жените ќе одат во пензија за пет, наместо првично предложените осум години. Со тој закон Русинките ќе го остваруваат правото на пензија со наполнети 60 години.
Долниот дом на руската Дума одобри зголемување на староста за пензија за пет години за двата пола, со што мажите во пензија ќе одат на возраст од 65 години. За да стане закон, неопходен е потпис и од Путин.
Плановите за пензиски реформи во последниве месеци предизвикаа негодување, поттикнувајќи протести низ целата земја.
Околу 43 проценти од руските мажи не се очекува да доживеат 65 години, со оглед на тоа дека податоците на Светска банка од пред две години укажуваат дека просечниот животен век на Русите е 66, а на Русинките 77 години.
Извор: МИА