X
 05.10.2016 Здравје

Колку пешачење е потребно за да се изгуби тежина?

Пешачењето е добра вежба за која нема потреба од тешки справи за вежбање, а истата ветува губиток на тежина. Иако ова се чини невозможно или така покажало личното искуство, не чини ништо да се проба повторно, но со придржување до правилата за да се постигне вистински ефект.

Оваа вежба не бара ниту ограничување во исхраната. Но, тежината на телото и местото каде што пешачите играат голема улога во ефективноста. Ако пешачите 6 километри за 1 час може да истрошите 400 калории. Мерете со педометар за подобар увид. Додека е поставен на вас тој го брои секој чекор што го правите. Колку чекори е потребно да направите за да изгубите тежина?

- потребно е да се испешачат 1,6 километри или 2000 чекори за 100 калории
- 1 килограм е еднаков на 8000 калории
- губење на 1 килограм неделно значи во просек трошење на 1200 калории дневно
- потребни се 23000 чекори за да се изгуби 1 килограм тежина

Држење на телото

Многу е важно какво е држењето на телото за време на изведувањето на активноста. Очите треба да се усмерени на околу 100 чекори пред вас, абдоменот треба да е цврст, брадата крената нагоре, а задните мускули стиснати. Со оваа поставеност на телото пресметките за кубење килограми со одење ќе бидат применливи и со ваквото држење за време на вежбата веќе може да се бројат и чекорите со педометар.

Колку често треба да се практикува ова?

Започнете со 15-20 минутна активност дневно, 3 дена во неделата. Постепено зголемувајте го времето на 30 минути до 1 час. Побарајте и совет од стручно лице за дополнителни совети и подобри резултати.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје