X
 05.10.2020 Култура

„Има човек, од човека почовек е, прецедена човештина, преточена убавина“

На 5 октомври 2007 година, нашиот најсакан Тоше Проески го одржа последниот концерт, кој беше хуманитарен, на Градскиот стадион во Скопје пред повеќе од 40.000 посетители. На 16 октомври, односно 11 дена по концертот, Тоше загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска.

На Тоше се потсетуваме преку песна за него од Гане Тодоровски.

ЗА ТОШЕ ПРОЕСКИ 

Има еден,
има еден многу,
многу човек,
белки цело човештво е,
чунки живо божество е.

Има еден, има човек
од човека почовек е,
прецедена човештина,
преточена убавина.

Топлината на душата
ти ја дава да ја згрееш,
бистрината на главата
ти ја дава да успееш.

Тој со зборови те гледа,
тој со очите ти збори,
малкузборник,
многусторник.

Те облекува во грижи,
но го сретнеш ли,
ти среќата
цел живот ќе ја имаш.

Го виде ли,
видовит си!
Го снема ли,
тешко тебе.

Има така,
има таков
многу човечен
твое е да го бараш. 



Насловна фотографија: Слободан Ѓуриќ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура