X
 05.11.2023 Живот

Џиновска инсталација во вид на лустер собира дождовница во шума во Италија

Инспириран од постојано променливите биолошки форми и природните ексоситеми, уметникот Џон Грејд прави огромни инсталации кои ја истражуваат непостојаноста на природата.

За неговото последно дело со наслов „Резервоар“, Грејд ги визуализирал моделите на шумските врнежи со огромна мрежеста структура која виси меѓу дрвјата.

Блескавата инсталација која наликува на лустер се наоѓа во паркот за скулптури „Арте Села“ во Борго Валсугана, Италија. Инсталацијата се состои од 5.000 проѕирни пластични прегради, а секоја од нив ја собира дождовницата.

1
Фото: John Grade

Како што се акумулира дождот, се менува и позицијата на мрежата и на капките, па така отекуваат или се спуштаат, во зависност од количината на врнежите.

- Најмногу ме интересираше како дождот паѓа во оваа шума, крошната што го одложува патувањето на капките до земјата, како и колку беше тивка и заштитена шумата за време на силен дожд. Сакав да направам скулптура која директно реагира на дождот, како и скулптура што може да „комуницира“ со луѓето - вели уметникот.

2
Фото: John Grade

Движењето создадено од човекот, исто така, влијае врз изгледот на скулптурата. Грејд соработуваше со италијанскиот танцов уметник Андреа Рампацо за да направи кореографија на интерактивен перформанс. За време на изложбата, четворица танчари се движеа околу скулптурата влечејќи го секој дрворед за да создадат различни движења во уметничкото дело.


Извор: Mymodernmet.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот