Еволуцијата на јазикот е иста како и биолошката еволуција – се случува детално, генерација по генерација, па нема и посебна критична точка (точка на кршење) помеѓу еден јазик и следниот кој се развива од него. Затоа, невозможно е да се каже дека еден
јазик е многу постар од некој друг, тие сите се стари колку и самото човештво. Што значи сите овие јазици имаат нешто посебно, нешто древно во себе – што ги одвојува од останатите јазици. Македонскиот јазик е еден од нив.
Македонски
Словенската група на јазици меѓу кои е и рускиот, полскиот, чешкиот, хрватскиот, е релативно млада јазична група. Почнале да се одвојуваат кога светците Кирил и Методиј го стандардизирале јазикот, односно ја креирале глаголицата и го ширеле христијанството меѓу Словените. Тие потекнувале од
Македонија, а македонскиот јазик е најблиску поврзан со црковнословенскиот тогашен јазик.
Хебрејски
Интересна е приказната за овој јазик, со оглед на фактот дека престанала употребата околу 400 година н.е., а потоа останал зачуван како литургиски јазик на Евреите. Со ционизмот во 19 и 20 век, Евреите поминале низ процес на преродба и јазикот прераснал во официјален јазик на Израел. Модерната верзија се разликува од старата, но Евреите можат комплетно да разберат што пишува во стариот завет.
Тамилски
Официјалниот јазик на Индија, Шри Ланка и Сингапур. Единствениот древен јазик кој целосно преживеал до модерното време. Потекнува дури од третиот век п.н.е. и се уште се зборува од речиси 78 милиони луѓе.
Литвански
Повеќето европски јазици припаѓаат на индоевропската група, но започнале со одвојување околу 3500 година п.н.е. Се развиле во повеќе јазици како германски, италијански и англиски. Еден од групата балтички јазици се зборува дури и сега. Литванскиот јазик го има зачувано најголемиот дел на граматички правила и букви од првобитниот јазик, па затоа е и во групата на најстари јазици во светот.
Фарси/Персиски
Јазикот кој се зборува во сегашно време во Иран, Авганистан и Таџикистан. Фарси е директен потомок на стариот персискиот јазик. Денешните жители на земјите кои го зборуваат овој јазик, можат дури да прочитаат и разберат дела напишани од 900 година н.е. на персиски јазик, без некои потешкотии.
Исландски
Уште еден индоевропски јазик, од северногерманската гранка. Јазикот си ги зачувал карактеристиките до ден денес, а данското владеење во периодот од 14 до 20 век, немало големо влијание на јазикот.
Баскијски
Јазикот е лингвистичка мистерија. Го зборуваат Баскијци кои живеат во Шпанија и Франција, но не е поврзан со ниеден од романските јазици или пак со некој друг јазик во светот. Ниту една теорија на лингвистите не објаснува од каде потекнува овој јазик. Единствено нешто што се знае е дека јазикот постоел во тој регион, пред доаѓањето на романските јазици.
Фински
Дел е од групата во која спаѓаат и естонскиот и унгарскиот јазик. Во овој јазик има многу позајмени зборови од други јазици, но Финците ги задржале овие зборови со карактеристики поблиски до финскиот јазик отколку д о јазикот од кој се позајмени.
Грузијски
Единствениот јазик од Кавказкиот регион со античка традиција. Има уникатна азбука која се верува дека е адаптирана од арамејскиот јазик.
Ирски гаелски
Иако овој јазик го зборуваат само мал број на Ирци, јазикот има богата историја позади себе. Дел е од келтската гранка на индоевропски јазици и постоел на островите кои сега се во Велика Британија и Ирска, уште пред да пристигне германското влијание. Додека другите народи од Европа ги зборувале сопствените јазици, но пишувале на латински, Ирците одлучиле дека сепак сакаат и да пишуваат на мајчиниот јазик.