„Тик-ток“ тестира нова алатка со која корисниците ќе може да ги наградуваат инфлуенсерите за нивната содржина директно на нивните профили.
Според видео објавено од корисник неодамна, парите што ќе бидат доделени одат директно до креаторите на содржината, што значи дека социјалната мрежа нема да добива процент.
Според тест-опцијата, за да добиваат пари за содржината, креаторите мора да имаат најмалку 100.000 следбеници, да имаат одредена вредност и да се согласат со правилата за користење на опцијата.
Корисниците што ќе ја искористат опцијата може да ги наградат креаторите со најмалку 1 долар, а ќе бидат можни и анонимни плаќања. Корисниците мора да имаат барем 18 години за да ја користат опцијата за плаќање на инфлуенсери.
Извор:
The Verge
Фото: Pixabay