X
 06.01.2022 Живот

Некои луѓе спијат само неколку часа поради мутирани гени

Бред Џонсон не може да спие осум или десет часа дури и кога е уморен. Од дете, доволно му биле пет часа сон за да одмори и не можел да спие повеќе дури и кога се обидувал. Повеќе членови на неговото семејство исто така спијат само неколку часа на ден, а тоа е поради „генот за кратко спиење“ кој го носат.

Истражување на професорот Јинг-Хуи Фу и научникот Крис Џоунс прво покажало дека навиките во спиењето може да бидат одредени од гени. Тие го анализирале семејството на Џонсон и други луѓе кои спијат пократко од останатите.


Фото: Pixabay

Во 2009, тие објавиле труд во кој откриваат дека овие луѓе имаат мутација во генот ДЕЦ2, поради која се будни подолго време. Оттогаш, двајцата научници откриле мутации на уште два гена поради кои на некои луѓе им е доволно да спијат само неколку часа.

Научниците откриле и некои карактерни особини на лицата со мутации во некој од овие гени. Меѓу другото, многу лица што спијат кратко се амбициозни, позитивни, социјални и оптимисти.

Џоунс објаснува за Би-би-си дека за овие лица, неправењето ништо претставува мачење, па затоа многумина од нив сакаат маратони и постојано се активни. Освен тоа, поголемиот дел од овие лица имаат одлична меморија.

Извор: CNN
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот