X
 08.01.2022 Здравје

Недоволното спиење му штети на мозокот

Промена во спиењето од само еден час може да направи значајна разлика, според докторката Ребека Робинс, која предава на Медицинскиот факултет на „Харвард“.

- Еден час навистина може да биде доволно за да ја наруши синхронизацијата на нашиот внатрешен часовник - вели таа.

Кога го менуваме времето на спиење, му испраќаме сигнали на мозокот дека се обидуваме да се префрлиме на друга временска зона, па затоа следната ноќ може да биде проблематична, пренесува „Лад бабјл“.

Според Робинс, мозокот произведува токсини во текот на денот, а собирањето на овие токсини се поврзува со болести како Алцхајмерова болест и деменција. Истражување открило и дека оние што не спијат доволно се во двојно поголем ризик за добивање настинка или грип.


Фото: Pixabay

- Исто како што на децата им треба рутина во спиењето, така ни треба и нам - вели Робинс.

Таа советува да не се користи телефонот пред спиење или во текот на ноќта, а препорачува медитација за подобро заспивање.

Според докторката, спиењето во постудена соба, на температура од околу 18 Целзиусови степени, помага, а кога станува збор за дремките, тие треба да траат најмногу 20 минути. Исклучок се деновите кога навистина не сте спиеле добро, кога дремката може да трае и до 90 минути.

Извор: LAD Bible 
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје