Верувале или не, може да добиете пари доколку живеете во Обединетото Кралство и 'рчите додека спиете. Поточно, би можеле да добивате по 156 фунти неделно за ова.
Британците што 'рчат може да добијат придонеси поради „скриена медицинска состојба“ која се покрива како придонес за лична независност. Овие придонеси им се плаќаат на лицата со долгорочни физички или ментални здравствени состојби.
Она што е најинтересно е што може да го добивате овој придонес дури и доколку сте вработени или веќе примате други придонеси. Меѓу другото, вакви придонеси се доделуваат и за состојби како анксиозност, депресија, дијабетес или изгубен слух.
Според одредени податоци, 2.217 лица во Обединетото Кралство веќе примаат придонеси за 'рчење. Може да се добијат од 97,80 фунти до 627,60 фунти месечно.
Извор:
Indy100
Насловна фотографија: Freepik