X
 06.03.2021 Забава

Можете ли да ја решите оваа загатка што кружи на интернет?

Некои од најинтересните загатки се навидум едноставни, но кријат трикови. Таква е и оваа загатка што кружи на интернет. Обидете се да ја решите.

Загатката гласи:

Кога би имал четири јајца,
а крадецот ми даде три,
а мојот петел снесе уште пет,
колку јајца имам?

Првиот одговор на многумина е 12, но тоа е неточен одговор.


Фото: Pixabay

Трикот во загатката се крие во зборовите. Првата реченица е хипотетичка (кога би имал, но немам), па затоа започнувате со нула јајца. Во вториот дел, крадецот ви дал три јајца и ги имате нив. Третата реченица е невозможна бидејќи петлите не несат јајца. Точниот одговор е три јајца.

Автор: Мишел Дебчак
Извор: mentalfloss.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава