X
 14.09.2020 Наука

Најстарата змија во светот се размножи без помош од мажјак

Најстарата змија ги збуни експертите - положи јајца без помош од мажјак.

62-годишна женка од видот кралски питон положила седум јајца во зоолошката градина во Сент Луис во Мисури и покрај тоа што не била блиску до мажјак најмалку две децении. Уште понеобично е тоа што се верува дека ова е најстарата жива змија од вид што обично престанува да положува јајца долго време пред да достигне 60 години.

- Дефинитивно станува збор за најстарата змија  што положила јајца - вели Марк Ванер, менаџер за херпетологија во зоолошката градина.

Иако е необично, не е ретко питоните да се размножуваат бесполово, додава Ванер. Змиите понекогаш складираат сперма за одложено оплодување. 62-годишната женка ги положила јајцата на 23 јули.

Три од јајцата остануваат во инкубатор и се очекува да се изведат во рок од еден месец, две јајца биле користени за земање примероци, а змиите во останатите две не преживеале.

Генското земање примероци ќе покаже дали јајцата биле репродуцирани сексуално или асексуално, т.н. факултативна пареногенеза. Единствениот друг кралски питон во зоолошката е мажјак на возраст од околу 31 година.

Во 1961 година приватен донатор ја подарил женката во зоолошката. Таа положила јајца во 2009 година, но не преживеале, а потоа во 1990 година, но тие можеби биле зачнати со мажјак затоа што змиите биле ставени заедно во кофи додека чуварите ги чистеле нивните кафези.

Извор: Independent.co.uk
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука