Често не можеме да препознаеме нечија токсичност затоа што не сме доволно храбри да се соочиме со реалноста. Често остануваме заробени во некој однос додека ги идеализираме луѓето што нѐ манипулираат. Сепак, некогаш тркалото се врти и ние стануваме она за што ги обвинуваме другите. Дали би препознале доколку самите сте токсична личност? Ова се некои знаци.
Не сакате кога вашите пријатели се успешни
Дали некогаш ви било криво што ваш пријател постигнал успех? Доколку одговорот е да, можеби вие сте токсичната личност во друштвото. Но треба да знаете дека луѓето што не се среќни во својата кожа и не се задоволни од сопствениот успех често не се среќни и за туѓиот успех.
Мислите дека сте подобри од другите
Токсичните луѓе се сметаат за помоќни и попаметни од другите, па очекуваат светот така да се однесува со нив. Во тој случај, токсичноста се јавува преку одбегнување и омаловажување на другите.
Правите другите да се чувствуваат виновни за да го добиете она што го сакате
„Ако си ми другарка, ќе го направиш ова за мене.“ Дали некогаш сте ја изговориле оваа реченица? Ваквите реченици се користат за манипулација. Туѓата грижа, љубов и помош треба да се ценат, а не да се искористуваат.
Фото: Freepik
Се гледате како жртва
Никој не сака луѓе што се сметаат за жртви. Секако, животот понекогаш знае да биде груб и сите може да бидеме жртва во одредена ситуација, но токсичните лица сметаат дека секогаш ним им е најлошо и дека нивните маки се поголеми од туѓите. Но, зошто да бидете жртва кога би можеле да бидете херој во сопствениот живот?
Кога давате комплименти, секогаш има нешто зад тоа
Дури и кога даваат комплименти, токсичните луѓе внесуваат нешто негативно во тоа. Едноставно, тие не сакаат другите да се чувствуваат подобро од нив. Дали ви се случува кога ќе пофалите некого да имате потреба и да го понижите на некој начин? Токсичните луѓе го прават ова.
Околу вас секогаш има драма
Некои луѓе едноставно ги следи драмата. Случајност? Токсичните лица сакаат да започнат драма и да ја следат. Тие не сакаат мир и спокој, туку им треба хаос. Доколку се пронајдовте во ова, мора да знаете дека сѐ што се пали, брзо гори, а кога ќе изгори, од него не останува ништо.
Извор:
Studenti
Насловна фотографија: Freepik