X
 06.04.2019 Живот

Проект на ОН - град отпорен на природни катастрофи

Она што некогаш изгледало како невозможна мисија на технолошките милијардери и идеалистички архитекти, наскоро би можело да стане конкретно решение за неколку од најголемите предизвици во светот.

Во средата група лидери, инженери и архитекти дебатираа за концепт за достапен пловечки град.

За разлика од случаите во минатото, кога овие футуристички дизајни биле полни со скептицизам, извршниот директор на Програмата за човечки населби на Обединетите нации, Маимуна Мод Шариф, изјави дека ОН ќе го поддржат и ќе го водат овој проект.

1
Фото: Oceanix


- Сите што сме дел од тимот сакаме да го видиме овој проект изграден. Не станува збор само за теорија - изјави Марк Колинс, извршен директор на „Ошеанкис“, компанија што гради пловечки структури.

Компанијата верува дека проектот ќе се осврне на ужасниот недостиг на домови и заканите од зголемувањето на нивото на морето. Самите структури би биле дизајнирани да издржат секакви природни катастрофи, вклучувајќи поплави, цунами и урагани од категорија 5.

Концептот, познат како „Ошеаникс сити“, бил дизајниран од познатиот архитект Бјарк Инглес во соработка со „Ошеаникс“. Тој вели дека би било идеално проектот да има 10.000 жители, бидејќи оваа бројка ќе му овозможи на островот да постигне „целосна автономија“ произведувајќи сопствена електрична енергија, вода и топлина.

2
Фото: Oceanix

Градот нема да има камиони за ѓубре. Наместо тоа, пневматските цевки за ѓубре ќе го транспортираат ѓубрето до станица за сортирање, каде што ќе биде идентификувано и пренаменето.

Дизајнот може да овозможи автономни возила, а може и да експериментира со нови технологии како испорака со беспилотни летала.

Кафезите под платформите ќе собираат ракови, алги и други форми на морска храна. Аквапонските системи ќе го користат отпадот од рибите за да помогнат во оплодување на растенијата, додека вертикалните фарми ќе произведуваат цела година. И двете технологии ќе му помогнат на градот да биде самостоен и за време на ураган или друга природна катастрофа. Генерално, целта е да се намали отпадот и да се произведе храна потребна за да се нахранат жителите.

3
Фото: Oceanix

„Ошеанкис“ предвидува да се наоѓа во рамките од 1 километар од големите крајбрежни градови. Платформите ќе можат да се однесат на побезбедни локации во случај на катастрофа.

Платформите ќе бидат зацврстени од биорок, мaтеријал создаден со изложување на подводните минерали на електрична струја што доведува до формирање на варовнички слој трипати потежок од бетонот, но сепак може да плови. Супстанцијата станува посилна со текот на времето и може да се поправа сама сè додека е изложена на струјата. Ова овозможува да ги издржи суровите временски услови.

4
Фото: Oceanix

5

Фото: Oceanix

- Градовите се започнати и не успеваат токму поради начинот на кој управуваат со водата - вели инженерот Брај Сарт.

Доколку се случи катастрофално сценарио, генераторите на машините би можеле да го повлечат воздухот од атмосферата, да го кондензираат во вода и да го филтрираат од нечистотии како метал или бактерии.

6
Фото: Oceanix

7
Фото: Oceanix
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот