X
 06.05.2021 Образование

Бојкотот на наставата ставен во мирување до понеделник. Се очекува нова средба меѓу родителите и МОН

Без заклучок заврши средбата на претставници на фејсбук-групата „Учебници и настава мора да има“ со претставници на Министерството за образование и наука, на која тие го образложија нивното барање да се стопира носењето на новиот закон за учебници во основно и во средно образование, за што од минатиот четврток повикуваат и на бојкот на наставата. Тие се противат на воведувањето дигитални учебници.

Драгана Спасевска, по средбата, на која биле тројца претставници од МОН, но не и министерката Мила Царовска, изјави дека тие не биле компетентни за сите нивни барања и дека треба да бидат вклучени и претставници од Бирото за развој на образованието и од СОНК. Им било кажано дека откако ќе се консултираат со нив, одново ќе ги поканат од понеделник на средба. Дотогаш бојкотот го ставаат во мирување, но ќе протестираат доколку нема средба или не им се исполнат барањата.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование