X
 06.06.2020 Живот

Оваа држава има бескорисен пасош, а ја наведуваат како „модел за успех“

Приднестровие е речиси непознато име за луѓето. Тоа е така затоа што не постои. Од страна на меѓународната заедница не е официјално призната како суверена држава.

Непосредно пред распаѓањето на поранешниот СССР, мала област на територијата на Молдавија прогласила независност и станала позната како Транснистрија, Трансднестар, Трансднестрија или Трансднестарска Република (целосно име: Приднестарска Молдавска Република), но ни 28 години подоцна Обединетите нации не ја признале, па останала заглавена во советскиот дел на Молдавија.


Што е Транснистрија?

Оваа држава зазема мал дел од земјата во близина на реката Днестар и украинската граница. Иако меѓународната заедница не ѝ дала автономен статус, народот на Транснистрија усвоил свои обичаи и прописи типични за република: имаат сопствен парламент и влада, претседател, војска, полиција, валута, поштенски систем, па и регистарски таблички. Секако, не се ни без устав, национална химна, грб, знаме и образовен систем.

Површината на оваа земја е над 4.000 километри квадратни, а според пописот од 2015 година, има помалку од 500.000 жители. Повеќето жители се Руси и Молдавци, но и други словенски народи како Бугари и Украинци. Официјалните јазици се руски, молдавски и украински.

Годишниот национален бруто-приход по глава на жител едвај е 1.000 долари, а просечната плата во Тираспол, главниот град на непризнаената држава, е околу 100 долари. Иако овој град со население од околу 200.000 жители е оддалечен само 70 километри од главниот град на Молдавија, Кишинев, разликата е драстична.

View this post on Instagram

Fascinating day trip to a strange European country that doesn't exist officially: Transnistria. Although it is an unrecognised state, it has its own passports, border controls, currency, government etc. The capital Tiraspol showcases lots of Soviet monuments. #Transnistria #Тирасполь #Transdniestria #Pridnestrovie #Tiraspol #InstaTravel #InstaTransnistria #InstaTiraspol #IgersTransnistria #IgersTiraspol #IG_Transnistria #IG_Tiraspol #TopTransnistriaPhoto #TopTiraspolPhoto #VisitTransnistria #VisitTiraspol #TransnistriaTravel #TransnistriaMoldova #Transnistrian_Photo_Guide #TransnistrianTrip #TransnistriaGram #TransnistriaeMoldova #TransnistriaTour #TiraspolCity #TiraspolFoto #Tiraspol_City #TiraspolLife

A post shared by Mathias (@mathiasonthemove) on


Во Транснистрија сè изгледа како музеј од комунизмот, а тајните служби на оваа непризнаена држава и понатаму се нарекува КГБ. На секој чекор има комунистички симболи, како српови и чекани и споменици од советски херои, а пред парламентот наречен Највисокиот совет се наоѓа статуа од Ленин. Но тука се и рекламите од најновите модели на мобилни телефони, синџири казина, бензински пумпи и продавници.

Од каде контроверзијата?


Еден од клучните фактори во спорот е тоа што со години се верувало дека Транснистрија учествувала во нелегална трговија со оружје со години. Со тоа, нејзините жители тврдат дека преостанатите словенски земји се срамат од нив, па дури и ги тероризираат.

View this post on Instagram

Today I visited a country which actually is not a country. Makes sense?! So, there is a part in Moldova called Transnistria. It belongs to Moldova but they declared their independence from Moldova, only that there is not a single country which acknowledged their independence. Nevertheless, you have to "cross the border" to get there, they have their own flag, own government, own currency, actually everything a country has. They kinda still live in a place like the Soviet Union, they never wanted this era to stop. They also feel much more attracted by Russia and they rather belong to Russia than to Moldova. Therefore you see a lot of Russian flags, I haven't seen a single Moldovan flag, their currency is the Transnistrian Rouble, you see leftovers from the Soviet Union...kinda strange place. I also visited a monastery a bit south of the capital and a monk showed me around and at the end we went to the wine cellar where I could taste their wine….it was a quite interesting day. . . . . . #transnistria #transdniestr #transnistriatravel #moldova #europe #europetravel #explore #travel #estherstravelphotos

A post shared by Esther Seiler (@esther_travel) on


Од друга страна, постојат извештаи во кои Транснистрија се наведува како „модел за успех“ кога станува збор за непризнаена земја, и покрај тоа што нејзините жители живеат во сиромаштија и претежно се потпираат на увезената стока.

Друга причина зошто Транснистрија е толку специфична лежи во фактот дека исполнува четири главни услови за признавање: има дефинирана територија, свое постојано население, своја влада и одредени (иако не големи) капацитети да стапи во надворешни односи со другите земји.

Извор: B92
Фото: Screenshot/Youtube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот