По неколку децении слаб напредок во обидите да се најде лек за ракот, група научници велат дека дошле до пресвртница. Многумина предвидуваат дека следниот чекор во лекувањето на ракот ќе биде вакцината, која треба да се појави за околу пет години.
Истражувачите работат на повеќе вакцини за намалување на туморите и спречување на враќањето на ракот. Овие експериментални третмани се тестираат на рак на дојка и на белите дробови, а годинава се забележани позитивни резултати во третманот на рак на кожата и рак на панкреасот.
За да функционира вакцината, треба да ги научи Т-клетките на имунолошкиот систем да го препознаат ракот како опасен, објасни д-р Нора Дисис од Институтот за вакцина против рак во Сиетл. Откако ќе се обучат, Т-клетките можат да патуваат насекаде во телото за да забележат опасност. Напредокот во третманот со вакцини е предизвик уште од неговото основање.
Првиот третман бил одобрен во САД во 2010 година за рак на простата кој се проширил на други органи. Сега истражувањата за вакцините се фокусирани на пациентите во раните фази на болеста, бидејќи се покажало дека вакцините не можат да дејствуваат кај пациенти што се во напредна фаза.
Меѓу првите пациенти што примија експериментална вакцина против рак на јајчниците пред 11 години била Џејми Крејс Мерсер. Ѝ бил дијагностициран напреден рак на јајчниците кога имала 34 години, па Крејс мислела дека ќе умре млада и направила тестамент, оставајќи ѝ го својот омилен ѓердан на најдобрата пријателка. Таа сега има 50 години и нема знаци дека ракот се враќа.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Pixabay