Можеби звучи неверојатно, но во Европа постојат климатски засолништа. Каталонските власти отвориле засолништа од топлото време во делови од Барселона за граѓаните да може да се засолнат во текот на денот доколку не се блиску до домот или немаат можност за разладување на домот.
Минатата година имало 70 вакви засолништа во Барселона, а оваа година дури 200. За оваа цел биле пренаменети многубројни музеи, библиотеки, паркови и образовни установи. На овие места најчесто има фонтани за разладување, градини и зелени ѕидови, како и чадори за заштита од сонце и нови покриви за подобра вентилација.
Се проценува дека 90 отсто од жителите на Барселона може за 10 минути пеш да стигнат до барем едно вакво засолниште.
Барселона, исто така, засадила нови дрвја и претворила околу 1.000 квадратни метри тротоари во зелени површини. Засолништата од топлотни бранови биле отворени на 15 јуни и ќе бидат достапни до 15 септември.
Засолништата имаат и едукативна функција, односно имаат цел да ја подигнат свеста на луѓето за климатските промени. Според анкета од 2020 година, речиси 9 од 10 жители на Шпанија сметаат дека климатските промени се сериозен проблем.
Извор:
Green
Насловна фотографија:
Barcelona