X
 06.07.2026 Живот

Премиера на претставата „Вонземјани“ на 28 јули во МНТ

Здружението за промоција на уметност и театар МАНА во копродукција со МНТ премиерно ќе ја прикаже претставата „Вонземјани“, на 28 јули, во МНТ.

- Вонземјаните не се суштества од други планети, туку метафора за современиот човек. Преку нив сакам да го поставам прашањето: Дали човекот губејќи ги своите човечки особини - сочувството, солидарноста, љубовта и одговорноста - престанал да биде човек? Во самиот текст се поставува и прашањето дали среќата е вистинска состојба или e само илузија во која живееме за да ја избегнеме реалноста - вели авторот Игор Кузмановски.

Режисерот Васил Михаил вели дека духовитите дијалози и инцидентните ситуации прават оваа социјална горчлива драма за нашата реалност да биде свежа,
комична и емотивна.

Актерската екипа ја сочинуваат Нино Леви, Марија Новак, Димитрина Мицкоска, Наум Ѓорѓиески, Димитар Паскоски, а костимограф е Благој Мицевски.


Издвојуваме

Живот