Тест периодите во Велика Британија и Нов Зеланд покажуваат дека четиридневната работна недела би можела да ги ослободи работниците и да ја ресетира нивната рамнотежа меѓу работата и приватниот живот.
Рутината од понеделник до петок е составен дел од модеррниот работен век. На почетокот на 20 век, работничките движења се бореле да ги охрабрат сопствениците на фабриките да воведат дводневен викенд. Сега, синдикатите се обидуваат да воведат тридневен викенд во 21 век.
Концептот на четиридневна работна недела станува доста популарен. Најновиот извештај на Советтот на синдикатите за иднината на работата покажува дека 65 отсто од работниците сметаат дека помалку работа за иста плата ќе биде позитивен развој.
Со поддршка за идејата што расте, некои компании веќе ги презедоа првите чекори за да овозможат пократка работна недела.
Фото: Getty Images
Дигиталната дизајнерска агенција „Нормали“, која работи со Би-Би-Си, „Фејсбук“ и „Барклејс“ воведе четиридневна политика.
-Навистина веруваме дека нашата работа е подобрена. Има поголема продуктивност и повеќе време за размислување - вели директорот Мареј Волерсбергер.
Компанијата вели дека ќе продолжи со оваа политика која била воведена во 2014 година, првично како експеримент.
-Резултатите можат да се видат во нашата екстремно ниска стапка на размена - агенциите обично имаат висок промет, но ние имавме само една личност што замина во четири години - додава тој.
Една компанија во Нов Зеланд неодамна тестираше слична шема. Едно од најстарите управни друштва во Нов Зеланд, „Перпечуал Гардијан“, на своите вработени им понудил уште еден слободен ден без намалување на платата.
Тест периодот се одржал во период од шест недели. Резултатите од тестот покажуваат дека експериментот бил успешен и дека се зголемила продуктивноста на работниците, им се намалил стресот, и се зголемила рамнотежата меѓу работата и животот. Директорот на компанијата, Ендрју Барнс, вели дека одборот ќе одлучува за тоа дали промените ќе бидат постојани. Одлуката за предлогот се очекува во следните неколку недели.
Во моментов, Зелената партија е единствената политичка партија што официјално ја поддржува ваквата реформа,.
За да се реализира четиридневна недела, Волерсбергер вели дека компаниите треба да направат важни прилагодуања и да се ослободат од навиките формирани за време на индустриските години.
-Мислам дека треба да смениме како го мериме
успехот. Ако ја поддржувате идејата дека некој што се грижи за неговата работа мора да работи долги часови тогаш ова ќе доведе до поголем стрес. Владата треба да ги поттикне бизнисите да ја намалат работната недела - вели Волерсбергер.