X
 06.08.2017 Живот

Вработените ги напуштаат шефовите, а не компаниите

шефои

Сите ја знаеме оваа изјава, и се чини дека е вистината. Компанијата за истражување „Галап“ покажа дека над 50 отсто од вработените што дале отказ од работа го направиле тоа поради шефот. Друго истражување, спроведено во 2016 година, покажува дека тоа го направиле 75 отсто од луѓето.

А, сепак, сите овие истражувања покажуваат дека луѓето што даваат отказ се највредните работници. Тоа се луѓето што сметаат дека заслужуваат одреден вид третман на работа... луѓето што сметаат дека имаат подобри опции.

Ова се најчестите причини поради кои луѓето даваат отказ од работа:

1. Не сакаат да работат со нивниот шеф.
2. Сакаат поголема можност за напредување.
3. Сакаат подобра рамнотежа во работата и животот.
4. Сакаат да заработат повеќе пари.
5. Не се задоволни со работната средина.

Прогресивните лидери знаат дека не можат да ја купат лојалноста на работниците бидејќи лојалноста се заработува. Влијанието на одличните менаџери и лидери врз задржувањето и развојот го надминува секој друг атрибут на работното место.

Ова се основните начини на кои лошите лидери со своето однесување може да ги избркаат одличните работници:

- Не се скромни - Лидерите не се доволно пристапни и со тоа не можат да ги препознаат одличните перформанси на другите.

- Не успеваат да ја откријат креативната страна на работниците - Со тоа работниците се чувствуваат помалку инспирирани.

- Ангажираат и промовираат погрешни луѓе - Фаворизираат луѓе што се како нив, наместо луѓе за кои е поголема веројатноста да бидат извонредни.

- Ги потценуваат разновидноста и инклузијата - Не успеваат да ги искористат моќта на колективот и вредноста на разликите.

- Не успеваат да споделат интересна визија - Со тоа, им го крадат ентузијазмот на луѓето и целта за нивната работа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот