Кинескиот ровер „Јуту-2“ ја истражува темната страна на Месечината од 2019 година и сега се сконцентрира на чуден објект во облик на коцка што го забележа во далечините.
Ендрју Џонс, новинар кој известува за кинеската вселенска програма, во петокот во серија твитови ја информира јавноста за најновите информации од роверот. Името за објектот во облик на коцка се преведува како „мистериозната куќа“.
Тимот кој стои зад роверот планира да го приближи роверот до коцката и да ја испита одблиску.
Погледот на коцката е матен и далечен, па природата на предметот треба да стане појасна со приближувањето на роверот. Најверојатното објаснување е дека е голем камен.
Кинеската мисија „Чанг'е-4“ е првото истражување на површината на темната страна на Месечината. Работата на роверот им помогна на научниците да дознаат што се случува со геологијата под површината на Месечината.
Кинескиот ровер е на соларно напојување, па одвреме-навреме хибернира.
Според кинеските медиуми, роверот веќе пропатувал 840 метри низ Месечината, а следното патување треба да ни разјасни што е „мистериозната куќа“.
Извор и фотографија:
cnet.com